Петмина загинати во експлозија во фабрика за текила во Мексико
Од
Објавено на
Во експлозија во фабрика за пијалоци во Мексико загинаа најмалку пет лица, а двајца се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Државната агенција за цивилна заштита доцна во вторникот на платформата X објави дека експлозијата се случила во градот Текила во државата Халиско во западно Мексико.
Службите за итни случаи ја евакуираа областа околу централата како мерка на претпазливост, а властите рекоа дека на жителите подоцна им било дозволено да се вратат во своите домови.
Оттаму соопштија и дека пожарот набрзо бил локализиран, но дека пожарникарите и итната помош се уште се на терен.