Пронајдени 22 тела по авионската несреќа во Непал, пилотoт хоспитализиран
Во авионската несреќа што се случи во главниот град на Непал, Катманду, загинаа 22 лица, а едно лице е хоспитализирано, изјави денеска портпаролот на Управата за цивилна авијација Ханза Раџ Пандеј, пренесе кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Ројтерс сепак наведува дека во авионот имало 19 патници и членови на екипажот и дека по несреќата биле пронајдени најмалку 18 тела на жртвите.
До несреќата дошло кога авионот на непалската компанија „Сауриа ерлајнс“ се обидел да полета од аеродромот Трибуван во Катманду до одморалиштето во Похар.
Пилотот преживеал и бил префрлен во болница во Катманду, има повреди на окото, но животот не му е во опасност, изјавил лекар во болницата, пренесува АП.
На местото на несреќата има полиција и противпожарна служба.
Во моментот на несреќата видливоста била слаба, но не врнелo, иако сега е сезона на монсуните.