Свет

Шолц повторно ќе се кандидира за германски канцелар и покрај неговиот слаб рејтинг

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека има намера да се кандидира за реизбор следната година и покрај малата поддршка од јавноста, пишува Политико.

„СПД е многу обединета партија. Сите сме решени да водиме заедничка кампања на следните избори и да победиме. И повторно ќе се кандидирам за да станам канцелар“, изјави вчера лидерот на Социјалдемократската партија (СПД).

Сепак, рејтингот на Шолц е многу низок, а СПД претрпе тежок пораз на европските избори. На анкетите им оди полошо од радикалната десница АфД и нивните главни конкуренти, демохристијаните од ЦДУ.

На изборите за ЕУ, гласачите во Германија и нанесоа сериозен удар на владејачката коалиција, составена од СПД на Шолц, Зелените и либералите. Тоа беше најголемиот пораз на СПД на националните избори во повеќе од еден век.

Најголемата опозициска сила во земјата, сојузот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), победи на изборите со околу 31 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) беше втора со околу 17 проценти.

Во неодамнешното истражување на германските пратеници и извршни директори во земјата од страна на Институтот Аленсбах, 64 отсто од испитаниците се залагаат за Фридрих Мерц од ЦДУ, кој се очекува да стане главен предизвикувач на Шолц следната година, како иден канцелар на Германија.

На почеток