Свет

Шолц со почит ја поздрави одлуката на Бајден

Германскиот канцелар Олаф Шолц со почит ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од кандидатурата за нов мандат поради сомнително здравје.

„Мојот пријател Џо Бајден направи многу за својата земја, за Европа, за светот“, објави Шолц на X.

„Благодарение на него, трансатлантската соработка е блиска, НАТО е силен, а САД се добар и сигурен партнер. Неговата одлука да не се кандидира… заслужува признание“, рече Шолц.

Бајден (81) во неделата објави дека се повлекува од претседателската трка против неговиот претходник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Поради видливи здравствени потешкотии, тој со недели е под притисок од сопствената Демократска партија да поднесе оставка. Во исто време, тој најави дека има намера да го дочека крајот на неговиот мандат како претседател.

На почеток