Свет

Сведок на масакрот во Хрватска: Пукал со пиштол, по масакрот седнал во кафуле и нарачал пијачка

Работник во продавница лоцирана во близина на Домот за стари лица во Дарувар, каде денеска беа убиени пет лица, го опиша моментот на хорор по масакрот.

„Двајца работници влетаа во мојот дуќан. Едниот имаше повреда на окото, а другиот имаше куршум во градите“, изјавил работникот од продавницата каде двајцата ранети работници од Домот за стари лица избегале барајќи помош, пренесува Дневник.

Му кажале дека во домот дошол маж и пукал со пиштол кон корисниците и работниците.

Вработен во продавницата веднаш повикал брза помош, но и полиција, бидејќи повредениот го препознал убиецот и го видел како влегува во блиското кафуле.

Се јавив и во полиција и им кажав каде е убиецот. Очигледно, тој седна и нарача пијачка, а пиштолот го стави на масата“, тврди вработената во продавницата.

Вели дека убиецот има педесеттина години, дека бил познат во околината, но не знае зошто го извршил ова дело.

Наводно, станува збор за човек кој учествувал во војната во деведесеттите и кој се движи со помош на патерици.

На почеток