Свет

(Видео) Силно невреме ја погоди Хрватска: Рекордна количина на врнежи

Сплитското подрачје го зафати големо невреме. Во Сплит за 20 минути наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен, а сите рекорди ги сруши Задварје каде наврнаа 100 литри дожд. Во текот на утрото е забележана и пијавица на Шолта, пишува Dalmacija danas.

Обилните врнежи ќе продолжат и во наредните два дена.

Температурите нема значително опаѓање. Стабилизација се очекува во среда.

Во Костање за само неколку часа наврнале 81 литар дожд на метар квадратен, со поројни дождови, а во Муќ 48 литри дожд, додека во Омиш 40 литри.

Како што пишува Morski.hr, поплавен е и шибенскиот кварт Долац.

На почеток