Свет

Двегодишно дете убиено кај хрватската граница, осомничен е таткото

Безживотно тело на двегодишно дете е пронајдено во близина на хрватската граница со Унгарија, а неговиот татко е осомничен за убиство.

37-годишниот маж со тешки повреди е пренесен во болница, А докторите се сомневаат дека тој се обидел да се самоубие откако го убил детето.

Засега не се познати повеќе детали за злосторството, пренесува српски „Телеграф“.

На почеток