Свет

Масакр во Хрватска: Маж упаднал во дом за стари лица и почнал да пука во луѓе, најмалку петмина мртви

Пет лица загинаа денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска.

Како што пренесува Јутарњи лист, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.

Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафулето „Даруварац“.

Сирените на сите можни служби за итни случаи ѕвонат во градот Дарувар, наведува овој портал.

На почеток