Свет

Спасувачите сè уште трагаат по десетици исчезнати лица по поплавите во Кина кои оставија најмалку 25 мртви

Спасувачите се уште трагаат по десетици исчезнати лица во поплавите во Кина, а досега загинаа најмалку 25 лица.

Поројни поплави во саботата погодија едно село во југозападната провинција Сечуан, а спасувачите соопштија дека 10 лица загинале, а 29 други се водат како исчезнати.

Поради силниот дожд кој паѓа со денови, реката се издува во селото Ксинхуа во областа Ханјуан и однела 40 куќи на брегот на реката, јавуваат локалните медиуми.

Во северозападната провинција Шанкси, мост се урна и најмалку 15 лица загинаа кога возила паднаа во река.

Спасувачите соопштија дека во саботата се исчезнати 20-тина автомобили и 30 лица.

Колапсот покрена повеќе прашања за безбедноста на кинеската патна инфраструктура и мостови, кои брзо се градеа во изминатите неколку децении.

Обилните дождови и поплавите претставуваат особен ризик за планинските патишта и мостови поради можна ерозија и лизгање на земјиштето.

Поради климатските промени, светот во иднина ќе се соочи со поекстремни временски и климатски услови, како што се топлотни бранови и обилни врнежи.

Годинава само во првите пет дена од мај беа срушени топлотни рекорди во 70 земји или територии.

To Top