Скопје

Несреќа во Скопје: Едно лице тешко повредено, три лица со полесни повреди

Денеска (26.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат с.Драчево-с.Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од с.Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од с.Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатник и уште една сопатничка С.А.(42) од Скопје од возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток