Првата добивка од запленетиот руски имот стана достапен за Украина
Првата добивка од запленетиот руски имот, во износ од милијарда и пол евра, денеска стана достапна за Украина.
Ова се пари собрани од имотот што беше запленет од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година и првите санкции наметнати на државни и приватни компании и поединци за кои се утврди дека ја поттикнуваат или помагаат војната и актуелната влада во Русија на кој било начин.
„Овие вонредни приходи од запленетите руски државни средства генерирани во ЕУ и чувани од централните депозитари на хартии од вредност беа ставени на располагање на Комисијата како прва рата на 23 јули. Парите сега ќе бидат канализирани преку Европскиот фонд за мир и Украинскиот фонд за поддршка на воените капацитети на Украина и обновата на земјата“, се вели во соопштението на Комисијата на ЕУ, цитирано од N1.
Комисијата на ЕУ потсетува дека конфискацијата на средствата се врши во согласност со санкциите на ЕУ кон Русија и посочува дека вонредните приходи што ги остваруваат операторите од ЕУ во овој контекст не и припаѓаат на Русија.