Свет

(Видео) Тотална катастрофа: Се преврте воз со 1.000 патници, повеќе од 100 повредени

Според првичните информации, 100 лица се повредени во железничка несреќа кај Волгоград во Русија, кога воз се судрил со камион, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на каналот 112 на Телеграм.

Агенцијата ТАС наведува дека возот излетал од шините, а осум вагони се превртеле.

И други руски медиуми јавуваат дека возот излетал од шините и дека се утврдува бројот на повредени.

Интерфакс пренесува дека во возот имало и до 1.000 патници.

По судирот, од камионот останала само кабината.

На социјалните мрежи е објавено дека најмалку 2 лица загинале.

На почеток