Кремљ им одговори на САД: Вашите обвинувања се апсурдни, одлучно ги отфрламе
Кремљ ги отфрли како апсурдни американските тврдења дека Русија се обидува да се меша во американските претседателски избори во ноември.
Претставници на американските разузнавачки агенции тврдат дека Русија се обидува да влијае на изборите на крајот на годината и дека Москва ангажирала компании кои би можеле да влијаат на јавното мислење. „Овие обвинувања се апсурдни. Ние одлучно ги отфрламе“, соопшти Кремљ.
Димитриј Песков рече дека „ќе има уште многу такви изјави како што се приближуваат изборите во САД, бидејќи Русија и нејзиниот претседател се важни фактори кои и републиканците и демократите ги користат во политичката борба, особено за време на изборната кампања“.