Македонија

Бугарско „Ауди“ и „опел“ се судрија во Карбинци: возач е во болница со тешки повреди

На 31.07.2024 во 01.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Пробиштип–село Крупиште, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(66) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(32) од Пробиштип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На почеток