Македонија

ДУИ и Ахмети не слават Илинден, зафатени се со извинување кон Косово и црвенеење

Наместо честитка за Илинден, ДУИ, Али Ахмети и челниците на партијата решија да го заборават најголемиот македонски празник – Денот на Републиката и да и го посветат целото внимание на косовската претседателка Вјоса Османи и Косово. Ниту една објава на социјалните мрежи нема од довчерашната власт, која по 16 години замина во опозиција. Наместо тоа, се сожалуваат со Османи и бараат прошка од Косово. Пратениците на ДУИ не беа ниту дел од делегациите пред Собрание, на Мечкин Камен или Прохор Пчински.

Од три објави на официјалната фејсбук страница на ДУИ, два се посветени на косовската претседателка, а еден на амбасадорот на Албанија со кого днеле заклучок: „Албанците се презираат, потребна е платформа за легитимитет“.

На истото прашање коментирал и Ахмети. Се жали како поцрвенува од срам поради претседателката Османи и скандалот, но не и за непочитта кон Илинден и Македонија, чиј пратеник е.

На иста бранова должина е и однесувањето на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи. Ги прогласи ВЛЕН за неспособни, ама „заборави“ дека е Илинден и дека е ред да честита.

Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, посветил внимание за да ја критикува Владата, за да се извинува на Косово, а знаел и дека се слави Илинден. Посветил објава на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, но за да ја искритикува, а не за да честита.

<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMinisterKreshnikBekteshi%2Fvideos%2F472217848919122%2F&show_text=false&width=380&t=0″ width=”380″ height=”476″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>

Артан Груби, во негов стил, реши националистички да раскажува како Албанците сега се понижени, а во нивно време биле лица кои одлучувале во Македонија. Илинден, не слави.

„Косово, прости ни!  Од газда во станар, од одлучувач до слуга, од горд до рако-бакнувач, од достоинствен до безрбетен, од бел браз до црнило, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владеење во служење, од победник во губитник, од Европа и Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети во Иван Стоилковиќ!“, напиша Груби.

Собраниска делегација, беше предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав: Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Драган Недељковиќ, а положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Марија Петрушевска, Оливер Спасовски и Бобан Карапејовски, положија свежо цвеќе во Скопје: на Споменикот на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“; Споменикот на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменикот на Никола Карев, пред Собранието.

На почеток