Македонија гори, а ни глас од Црвенковски и Иванов
Дали некој деновиве ги чу или виде поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов? Луѓето секој месец на први, си ги користат привилегиите, околу 2.000 евра и плус оние зголемени 78 проценти.
Плус согласно постојниот закон, покрај месечните закупнини за канцелариски простор, за поранешниот претседател се подмируваат и следните трошоци: плати за три стручни лица кои се обезбедуваат од буџетот; комунални трошоци за надомест на електрична енергија, вода, топлинска енергија, и ѓубретарина; службено возило и возач, одржување на возилото при СОЗР; услуги кои се однесуваат на одржување на хигиена, тековно одржување на објектот како и набавка на потребниот канцелариски материјал.
За поранешниот претседател не важат условите за пензионирање предвидени со Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа е тешка повреда на уставното начело за еднаквост на граѓаните пред законот“, велат од експерти по право.
Единствено привилегиите, како што најави не ги користи Стево Пендаровски кој се врати на факултет а имаше и објава за Илинден. За пожарите поранешните татковци на нацијата не се нешто заинтересирани, но за привилегиите тука се. Но, да ги оставиме луѓето на мира и да не ги нервираме. Нека уживаат на грбот на народот.
Активна беше претседателката Силјановска Давкова, која двапати беше на терен и со војниците како врхвено командант, а вчера порача дека ќе се моли да падне дожд.