Македонија

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши

СДСМ бара итна смена на собранискиот спикер Африм Гаши.СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место.
,,Тошковски удира по самарот и го штити својот коалициски партнер Африм Гаши на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони”, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Портпаролката на СДСМ, Кузеска посочи дека како партија го повикуваат обвинителството да покрене постапка и го повика премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.

„Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започнат постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ексорт на ВИП личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое не го вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговоност за случајот“, изјави Кузеска.

Според извештајот на МВР стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“, рече Кузеска.

На почеток