Македонија

Претседателката ниту формира, ниту може да свика Совет за безбедност

„Републиката ни е во пламен. Да се молиме да падне дожд”, констатираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Илинден.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека од повеќе канали добил информации оти раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот што го создавале изминатите двасетина години, ќе преземало чекори за дестабилизација на државата.

Гордана Сиљановска-Давкова најави дека нема да го свикува Советот за безбедност.

А и да сака, кого ќе свика да ги разгледуваат овие две сериозни и опасни теми, кога по три месеци од нејзината инаугурација, таа не го конституирала Советот за безбедност.

Инаку Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

На почеток