Температурите ќе се искачат до екстремно високи 42 степени, сепак и покрај ова, од среда постои опасност и за локално невреме
Од денес (12.8.2024), па во текот на целата оваа седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР”. Овој екстремно топол бран ќе донесе и екстремно високи температури на воздухот и тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до, па и над 40 степени, односно до 41, 42 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлото време, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течноти.
Сепак, и покрај екстремно високите температури на воздухот, од среда попладне растат и условите за развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија, токму поради екстремно високите температури на воздухот, локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.