Се трага по жена од Теарце: Има деменција, се знае дека барала превоз за Скопје бидејќи таму живее
Се трага по жена од село Јелошник, Општина Теарце. За неа е објавен апел на социјалните мрежи, а постапува и полицијата, заедно со ЦУК. Директорот Стојанче Ангелов вели: „Зборував со сестрата на исчезнатата жена, дополнително е испратена полиција вечерва“.
„Исчезната е Олгица Димитровска во селото Јелошник од 7-8 часот утринава. Има 80 години и има деменција. Во селото засега ја нема, можно е да се тргнала надолу кон Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку ја видите ве молам запрете ја и јавете се, повеќе луѓе се таму и ја бараат, ќе ја земеме во најбрзо време. Телефон за контакт: 076/ 466 689“, стои во апелот на Маја Трајковска.