Македонија

Нема да поскапат нотарските услуги

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја укина одлуката за зголемени нотарски услуги донесена од владата на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Владата на вчерашната седница донесе Одлука за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.

СДС и ДУИ сакаа несразмерно да ги наградат Нотарите, на сметка на народот.

СДС и ДУИ со секоја своја одлука земаа пари од џебот на народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исправа неправдите нанесени од СДС и ДУИ. Нема повеќе скапи услуги кај Нотарите. Ја враќаме државата на народот.

На почеток