Македонија

Директорот Ангелов и амбасадорката Дрекслер, заедно ги испратија пилотите и воздухопловниот персонал на авионите „ер трактор“ од Германија што помогнаа во гасењето на пожарите на отворен простор

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во С.Р. Македонија, Н. Е. Петра Дрекслер, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим од Германија за двата ПП авиона ,,ер трактор”, коишто помогнаа до справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија.

Притоа, Ангелов, искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава. Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка согласно можностите и потребите на двете земји при справувањето со кризните ситуации во наредниот период. Ангелов и Дрекслер, заедно им врачија пригодни благодарници и скромен подарок за спомен на нивната мисија за воздухопловна противпожарна помош при справувањето со пожарите на отворено од поголеми размери во Македонија.

На почеток