Јовчески за состојбата на пожарот на Галичица: Источниот фронт е ставен под конторла, на западниот постојат индиции да се појават жаришта
За состојбата на пожарот на Галичица се огласи раководителот на противпожарна заштита во НП Галичица, Ѓуро Јовчески.
,,Во текот на вчерашниот ден во координирана и добро испланирана акција помеѓу Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб на Републка Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК со директорот Ангелов пристапено е кон спроведување на предходно подготвениот план во кој учествуваат 120 пожарникари на 3 фронта, 5 воздухоплови, 3 ер-трактори и два хеликоптери на МВР.”, вели Јовчески.
На источниот фронт пожарот е ставен под контрола на двете критични точки. Западниот фронт кој беше најкритичен е ставен под контрола, но со покачување на температурата во текот на денот постојат индиции да се појават жаришта.”, додава Јовчески
Јовчески им се зблагодари на сите учесници кои се директно инволвирани во гаснењето, како и на сите донатори кои се јавуваат во се поголем број.