Фалсификувано логото на електронската картичка Скопска, се работи за измама со лажен линк
Од
Објавено на
,,ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП.”, информираат од ЈСП Скопје