Македонија

Новинарот Салиу пријави кај Мицкоски дека не е безбеден, премиерот му најави дека ќе го викнат во станица да достави докази

Фејсбук статусот на Петар Богојески во кои Албанците ги нарекува „шиптари“, за премиерот Христијан Мицкоски е непримерен. Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно, но новинарот Фуркан Салиу кажа дека неговото чувство не е така, особено откако ги прочитал коментарите под објавата.

„Јас не сум прочитал таков тип на статуси. Но и да има, тоа се статуси кои се непримерни. Јас се чувствувам безбедно, граѓаните се безбедни. Пријавете во институциите“, рече Мицкоски, на што новинарот Фуркан Салиу посочи: „Пријавувам кај премиерот“.

На ова Мицкоски одговори: „Еве јас ќе му пријавам на министерот за внатрешни работи, за да му дадете докази, и ќе го замолам, одговорните лица да ве повикаат на информативен разговор. Врз основа на тие докази, да можат институциите да постапуваат. Заврши време на шерифи, кога белобради момци купуваат трговци, дојде време кога правдата е за сите – и за мене и за вас. И ве охрабрувам секојпат кога ќе се чувствувате небезбеден да пријавувате“, додаде Мицкоски.

На почеток