Свет

Зеленски: Русија истрела повеќе од 100 ракети и проектили за време на денешниот напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска Русија истрелала повеќе од 100 ракети и 100 беспилотни летала за време на нападот врз Украина.

Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“, објави Ројтерс.

Русија синоќа лансираше неколку десетици беспилотни летала камикази кон Украина, а утрово изврши масовен напад со крстаречки и балистички ракети, објавија претходно украинските медиуми.

Експлозите се слушнале во Киев, Луцк, Запорожје, Одеса, Лавов, Харков и други украински градови.

Украинските власти соопштија дека најмалку четири лица загинале и дека дел од Украина останал без струја, а на некои места исчезнала и водата.

Од друга страна, украинските сили денеска го нападнаа рускиот град Саратов, кога беспилотно летало удри во повеќекатната станбена зграда во Саратов, која е на околу 450 километри од границата со Украина.

Во таа прилика една жена е тешко повредена.

На почеток