Македонија

И европски, но и латиноамерикански затвори во Македонија

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, ја оцени состојбата во македонските затвори. Според има има голема разлика од еден до друг затвор.

,,Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи“, рече Пандов.

Тој се осврна, како што рече и за браќава од 27 април и посочи дека некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка.

,,Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори, коишто изгледаат супер, нормално и коишто функционираат супер, нормално. Она што јас како забелешка сум го нашол не во сите, но, во дел од раководствата во затворите се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се соживувале дека се сопственици, дека се тоа приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците“, вели Пандов.

Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов одговори дека тој како директор на Управата за извршување на санкции ако осуденето лице донесе медицинска документација во којашто е прикажано дека има некое акутно заболување и треба веднаш да се лекува, тој дава прекин од 30 дена.

„Меѓутоа не мал дел од нив, еве конкретниот пример, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, јас како што сум информиран има добиено сега прекин од три месеца. Меѓутоа, тоа е од судот, кога имаат документација, ако им следуваат прекини веројатно судовите ќе доделуваат и доделуваат во моментов“, изјави Пандов.

На почеток