Македонија

Ангелов: Пожарот во велешко избил од внатрешноста на селото, зафатени се и неколку куќи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше за гаснењето на пожарот во атарот на с. Карабуниште, помеѓу Велес и Зелениково.

,,Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16.00 часот, од огнот се зафатени неколку куќи.

Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време.

Заради пократок циклус на гаснење полицискиот хеликоптер Ми171 полни вода од вливот на Треска во Вардар помеѓу виски тополи. Секоја чест за храбрите и исклучително вешти пилоти на полицискиот Ми 171.”, информираше Стојанче Ангелов.

На почеток