Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 4 дена СДС пушта целосно безидејни соопштенија од едно исто интервју на Филипче, да беше сапуницата Касандра до сега ќе завршеше

,,Во сагата од 4 дела од пишаното интервју на Венко Филипче, каде 4 дена СДС пушта соопштенија од едно исто интервју, патем да беше сапуницата Касандра до сега ќе завршеше, така криејќи се од одговори на прашањата кои ги поставува јавноста, Венко Филипче ја достигна кулминацијата кога кажува кој ја водел ВМРО ДПМНЕ.

И оваа небулоза доаѓа од устата на човекот кој уште Заев му ја финансира партијата со украдените пари, кој е стечаен управник на партија без органи и ја чува фотелјата на Заев, кој ниту еднаш не го слушнавме да каже што мисли за Зоран Заев, зошто се срами и знае дека јавноста го смета за криминалец и предавник и човек кој ниту еднаш не ги научи лекциите од своите порази. Продолжете со таквата безидејност, далеку ќе стигнете.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток