Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Штетен мазут доставуван во ТЕЦ Неготино во време на енергетска криза, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
TEC_Negotino-1000x600-1

“Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите на јавноста. Во време на тешка енергетска криза СДС и ДУИ прекршувале закони, заобиколувале постапки и допуштале низа пропусти се со цел сопствен профит”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

Уште еден скандал констатиран на ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година каде се утврдени низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон.

— реклама —

ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката.

— реклама —

Дополнително АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на дoговорот.

— реклама —

На штета на јавниот интерес на Македонија, на стопанството и граѓаните раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица.

Дали СДС и ДУИ играле игри со цената на мазутот во време на енергетска криза за остварување на сопствен профит?

Поради кои причини раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака?

Кои се причините и зошто два пати анексирале договор?

Колку јавни повици СДС и ДУИ злоупотребиле на штета на интересот на Македонија и граѓаните?

За чиј интерес работело поранешното раководство на ЕСМ а на штета на државниот интерес во време на енергетска криза?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library18hh3sd60oh9ck1WVfx

Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

Македонија | пред 14 часа

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС давале наредби во судството

Македонија | пред 20 часа

media-libraryotb16cm27li14teVFPA

Оставката на Ристоска е жалост за „рекет обвинителите“, среќа за граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

Пари од Дака користени за инженеринг на референдумот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања