Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пари од Дака користени за инженеринг на референдумот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

ВМРО-ДПМНЕ излезе со серија обвинувања кон СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев, тврдејќи дека контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ му дал 300.000 евра, кои, според нив, биле искористени за „инженеринг на референдумот“.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека СДСМ, како што велат, биле добро запознаени со Давидовиќ – Дака, кој, според нив, се наоѓа на „црна листа“ на САД поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание.

„На снимките се слуша Дака како вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште, за возврат да добие контра услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во истото соопштение се наведува дека во разговорите, покрај Заев, се споменуваат и имињата на Зоран Милески и Драги Рашковски.

— реклама —

„Ова значи дека тогашната власт на СДС многу добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека Владата предводена од нив ќе ги искористи сите законски механизми за да спречи фирма поврзана со Давидовиќ да инвестира во енергетски објекти, и покрај тоа што, како што посочуваат, ги исполнува условите.

— реклама —

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни механизми и ќе ги искористи сите законски можности оваа фирма, во сопственост на Дака, да не гради и инвестира во енергетски објекти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 21 час

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања