(Видео) Дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче, донесени во суд и спроведени преку гаражите
Преку гаражите на Кривичен суд, спроведени дел од обвинетите за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во Кривичен суд ќе се одржи првото рочиште, каде наместо читање обвинение и произнесување за вина, се очекува да има само спојување на двата предмети за убиството (првиот за тројцата обвинети и таткото и вториот за Палчо), за да се продолжи во фаза на судење.
View this post on Instagram
Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази.
Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.
„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот односно кобниот период за убиените.
Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.
14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.
ПРОЧИТАЈ И: