Свет

Иран: Не испративме балистички ракети во Русија

Висок командант на Иранската револуционерна гарда ги демантираше медиумските извештаи за испорака на ракети од Иран во Русија, објавија иранските медиуми, поради загриженоста на Западот дека ракетите би можеле да бидат распоредени за војната во Украина.

Си-Ен-Ен и Волстрит журнал минатата недела објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека Иран и испорачал балистички ракети со краток дострел на Русија.
„Ниту еден проектил не беше испратен во Русија и ова тврдење е еден вид психолошка војна“, рече бригадниот Фазлолах Нозари, заменик командант на централниот штаб на Катам ал-Анбија, според иранската Работничка новинска агенција.

„Иран не поддржува ниту една страна во украинско-рускиот конфликт“, рече Нозари.

Запрашан за натписите, Кремљ објави дека Иран е партнер на Русија и дека двете земји развиваат дијалог во сите области. Украина неодамна предупреди дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Техеран и Москва е закана за Украина, Европа и Блискиот Исток и ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Иран и Русија.

Секое иранско пренесување на балистички ракети во Русија би претставувало остра ескалација во војната во Украина, предупредија САД во петокот.

Техеран и Москва имаат поблиски односи откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година и Иран ги испорача своите беспилотни летала Шахед на руската војска.

На почеток