Израел бомбардирал неколку градови во Сирија, јавуваат локалните медиуми
Во нападот на пет локации загинаа најмалку 14 лица.
Најмалку 14 лица загинаа по неколку израелски напади врз цели низ Сирија, објави државната новинска агенција Сана.
Според нив, мета биле пет локации, меѓу кои и центарот за научно истражување, а оштетен е и автопатот.
Сана цитираше сириски воен извор кој вели дека израелските авиони кои летаат над северозападниот дел на Либан лансирале проектили на „голем број воени локации во централниот регион“ во неделата навечер.
„Нашата противвоздушна одбрана собори неколку проектили“, додаде воениот извор.
Израелските власти, кои вообичаено се воздржуваат од коментари за нападите во Сирија, ниту овој пат не дадоа никакви најави.
Воен аналитичар, кој работи во Велика Британија, вели дека нападите дошле во бранови, а главна цел е локацијата во градот Масијаф, од каде, според него, работат проирански експерти за развој на оружје.
Израелските напади се интензивираа од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година, како одговор на прекуграничните напади на Хезболах и други групи во Либан и Сирија во северен Израел.