Иран ја снабдува Русија со балистички ракети во замена за соја и жито
Властите во Техеран потврдија дека испратиле балистички ракети во Русија за да ја продолжат војната во Украина во замена за соја и жито.
И покрај официјалното демантирање, ирански пратеник се огласи помалку од 48 часа откако американските власти предупредија на зајакнување на воените врски меѓу Техеран и Москва, објави британски „Телеграф“.
„Ги заобиколуваме санкциите преку нашето партнерство со Русија. Увезуваме соја, пченка и други стоки од Русија“, рече Ахмад Бахшаис Ардестани, ирански пратеник и член на Комитетот за безбедност и надворешна политика.
Иран е под строги западни санкции кои го ограничуваат неговиот пристап до западните валути, принудувајќи го да менува стоки за храна и гориво. Аналитичарите велат дека инвазијата на Кремљ на Украина во 2022 година ја забрзала новата антизападна оска со Русија и Иран во неговото јадро, концепт што го поддржал Ардесани.