Свет

Хезболах ја потврди смртта на уште еден висок воен командант; Либан: „Никој во светот повеќе не е безбеден“

Израелските сили бомбардираа во петокот јужно предградие на Бејрут, гаѓајќи ја станбена зграда во која беше сместен командантот на елитната единица Радван Хаџ, Ибрахим Акил. Хезболах рано утринава ја потврди неговата смрт.

Во соопштението на Хезболах беше наведено дека е убиен „еден од врвните водачи“ на групата, но не се дадени детали, пренесува Ројтерс.

Израелската војска и неименуван безбедносен извор во Либан изјавија дека Акил бил убиен во израелски напад врз Бејрут во петокот.

Палестинската милитантна група Хамас го изрази своето жалење за убиството на Акил, опишувајќи го како „злосторство и глупост“ за што рече дека „Израел ќе ја плати цената“.

Најмалку 12 лица загинаа, а 66 се ранети, од кои девет се во тешка состојба, во вчерашниот воздушен напад на израелската армија на периферијата на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство, а пренесува АП.

Израелската војска вчера соопшти дека извршила „цеден напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека е погодено јужно предградие на Бејрут и дека цел бил лидер на Хезболах.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека нападот врз јужната населба Дахија во Бејрут бил цел и бил убиен Ибрахим Акил, командант на елитните сили на Хезболах Радван, како и 10 други оперативци на Хезболах.

Името на Акил циркулираше во медиумските извештаи уште во декември, среде ескалацијата на тензиите меѓу Хезболах и Израел, бидејќи израелските медиуми објавија дека тој бил идентификуван како водач на силите на Радван, кои силно ги напаѓале израелските сили за време на конфликтот на северниот фронт.

Силите Радван се најобучената единица на Хезболах, која служи како една од најефикасните воени единици во регионот. Името го добило по командантот Имад Мугније, чие име беше Хаџ Радван. Станува збор за сили чија основна цел е да навлезат длабоко во непријателска територија.

На почеток