(Видео) Случајот со црквата заврши со апсење: Две лица со лисици изнесени од Општина Врапчиште
Две лица уапсени попладнево во Тетово, оти според службениците дале отпор на полицијата во просториите на Општина Врапчиште за случајот со црквата Св. Петка. Ова доаѓа откако тие отидоа пред општината и ја поставија лентата која вчера полицијата им ја стави пред црквата, со цел забранет пристап. Пријавата била од градоначалничкот на Општина Врапчиште, Исен Шабани од ДУИ.
Вчерашниот обид да се расчисти теренот околу црквата Света Петка беше спречен од страна на полицијата. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се вели дека полицијата дошла на местото да ги уапси работниците. Од МВР демантираат дека имало приведување. Се постапувало по пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште според која се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани од ДУИ поднел пријава за узурпација на државно земјиште. Ова би значело дека според него, црквата е нелегален објект и треба да се урне.