Конфликтот со градоначалникот на Врапчиште за црквата продолжува: Се криеше во канцеларија, те чуваа 20 полицајци – продолжуваме појако и посилно
Душко Павловски, мештанин на гостиварско Галате е ослобен откако беше уапсен во Општина Врапчиште, со образложение, дека давал отпор на полицијата. Тој се заблагодари на сите кои го чекале пред полициската станица. Му се обрати и на градоначалничкот на Општина Врапчиште, Исен Шабани од ДУИ.
„Другари Македонци, Албанци, Турци, Роми, фала ви на сите што ме чекавте пред полициска станица, сите што ме знаете, знаете дека немам ништо меѓутензично, него чисто не сакам никој да ме рпави будала. Градоначалник на Врапчиште, срам си за сите. Јас како што ти ветив, траките ти ги донесов во Општина, а ти како пи*ка три часа се криеше во канцеларија иако имаше до тебе 20 полицајци да те чуваат. Продолжуваме појако и посилно“, објави Паловски.
Вчерашниот обид да се расчисти теренот околу црквата Света Петка беше спречен од страна на полицијата. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се вели дека полицијата дошла на местото да ги уапси работниците. Од МВР демантираат дека имало приведување. Се постапувало по пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште според која се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани од ДУИ поднел пријава за узурпација на државно земјиште. Ова би значело дека според него, црквата е нелегален објект и треба да се урне.