Свет

Денот што го промени светот: Годишнина од терористичките напади на САД

Се одбележува 23-годишнината од терористичките напади на САД, кога животот го загубија околу 3.000 луѓе. Два киднапирани авиони потоа ги погодија кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и комплексот Пентагон во Вашингтон. Еден авион се урна во Пенсилванија.

Директна последица од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа на чело со Џорџ Буш помладиот да му објави војна на тероризмот во светот, што несомнено суштински ги определи тенденциите во меѓународните односи од првите децении на 21. век.

Во Соединетите Американски Држави секоја година со голема посветеност се сеќаваат на жртвите од нападот пред 17 години.

Жртвите на терористичкиот напад загинаа откако два киднапирани авиони ги погодија кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои потоа се урнаа, како и кога трет авион удри во комплексот Пентагон во Вашингтон, а авионот се урна во Пенсилванија. .

Околу 3.000 луѓе ги загубија животите. Од кулите „близначки“ во Њујорк, само 20 луѓе успеале да ги напуштат зградите пред да се урнат. Меѓу жртвите од 11 септември имало 372 странци.

Големи жртви претрпеа и припадници на градските служби на Њујорк, пред се пожарникари. При падот на кулите „близначки“ загинале дури 343 пожарникари додека се обидувале некако да помогнат.

Деветнаесет членови на Ал Каеда го започнаа нападот со киднапирање на четири патнички авиони кои полетаа од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите упаднале во кабините на авионите и користејќи хартиени ножеви како оружје, ја презеле контролата над леталото.

Првиот авион на „Американ ерлајнс“ удри во северната кула СТЦ во 8 часот и 46 минути, а набргу потоа вториот авион „Јунајтед“ удри во јужната кула. Третиот киднапиран авион удрил во центарот на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот се урнал за време на борбата меѓу патниците и терористите, според официјалната верзија.

Подоцна, соодветните служби на САД оценија дека „мозокот“ на нападите што се случија е Калид Шеик Мухамед.

На местото на кулите СТЦ во Њујорк беше подигнат споменик на жртвите, а беше изграден и новиот Светски трговски центар.

Секоја годишнина од нападот е и повод за разни шпекулации, според кои нападот бил инсцениран со цел да започнат нови војни под покровителство на борбата против тероризмот.

На почеток