Свет

(Видео) Снимка од невремето во Атина: Поројот носи се пред себе, луѓето гледаат со неверување

По жешките летни денови невреме ја зафати и Грција каде дождот во изминатите денови ги поплави улиците и направи голема штета.

Покрај омилените српски летувалишта на Халкидики, каде обилниот дожд и ветровите накратко им го расипаа одморот на многу туристи, невремето ја погоди и Атина.

Како што може да се види на видеата споделени на социјалните мрежи, по улиците тече голема количина вода, додека поројот однесе столчиња во некои кафулиња.

Според грчките медиуми, силни грмежи, молњи, град и налети на ветер денеска ќе зафатат делови од Грција, а попладне се очекува подобрување на времето.

На почеток