Свет

Застрашувачки слики од невремето во Хрватска: На сила е предупредувањето за целиот Јадран

Застрашувачки слики од невремето што ја зафати Хрватска го обиколија регионот. Најдраматична ситуација била во областа на каналот Пељешка кај островот Корчула кога зарикала огромна пијавица.

„Одеднаш небото поцрни, почна да дува екстремно силен ветер, а потоа огромна пијавица падна во морето. Вакво нешто сум видел само на филмови. Очекувавме невреме затоа што беше најавено, но не и ваков хаос“, рече еден човек.

Застрашувачки фотографии од вчера кружат на социјалните мрежи една од нив покажува како пијавица се приближила до куќите во еден крајбрежен град.

Освен во областа Корчула, пијавицата е забележана помеѓу Примоште и островот Зларина.

Нема информации за евентуална материјална штета.

Вчера Хрватска беше зафатена од огромна временска промена. Невреме со грмотевици, силен ветер, силен дожд и пијавици предизвикаа проблеми низ целата земја.

Утрово речиси во сите делови врне дожд, а температурата на копното е околу 7 степени, додека на планините за неколку степени постудено. Морето е малку потопло, во северниот дел на Јадранот е околу 12-13 степени, а како одите на југ се затоплува, па во Дубровник се измерени 23 степени.

И денеска предупредувањето на Метеоаларм е на сила за цел Јадранско Море, и тоа е портокалово, додека остатокот од Хрватска е под жолто предупредување. И денеска можни се невреме со грмежи, пороен дожд кој може да предизвика поројни поплави.

На почеток