Македонија

Средба со високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија

,,Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска во посета прими високи претставници на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (ЈИЦА – JICA), предводена од досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балкан од Белград, г. Уеки Масахиро, на кого му завршува мандатот и неговиот наследник на позицијата, г. Фукуда Хаџиме.

Во текот на дискусиите претставниците на ЈИЦА беа запознаени со проблемите предизвикани од шумски и други пожари на отворен простор од големиот размер, во текот на месеците јули и август, како и за местото и улогата на ЦУК во услови на прогласена кризна состојба. Исто така, беа разменети иницијални мислења во врска со поставеноста и организацијата на системот за управување со катастрофи во Јапонија, во пресрет на најавените реформи и реорганизација на Националниот систем за управување со кризи во нашата држава.

Во рамките на оваа протоколарна посета, од страна на директорот, Ангелов, беше изразена голема благодарност до ЈИЦА за поддршката во развојот и јакнењето на капацитетите на Центарот за управување со кризи и Системот за управување со кризи, во целина, преку трансфер на технологии и знаења, како и обезбедување на соодветна техничка помош. Истовремено, високите претставници на ЈИЦА, исто така изразија благодарност до ЦУК за долгорочната соработка, што во континуитет трае речиси 15 години, како и за поддршката на ЈИЦА за проширување на соработката во областа на управување со кризи и намалување на катастрофи со земјите од Западен Балкан.

На крајот од посетата, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, му врачи пригодна благодарница за досегашната соработка и поддршка на г. Уеки, досегашниот Главен претставник на ЈИЦА од канцеларијата за Балканот, при што му посака успех на неговата нова работна позиција, а на новоименуваниот Главен претставник на ЈИЦА за Балканот, г. Фукуда, му посака успешно извршување на неговата функција со желба за понатамошно продолжување на заедничката соработка.”, информираат од ЦУК.

На почеток