Ќе ,,лета” ли Стојанче Ангелов од директорската фотелја во ЦУК
Техничкиот премиер Талат Џафери за денеска најави дека ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на сосега коалицискиот партнер „Достоинство“, Стојанче Ангелов.
Ангелов кој сите овие години на владеење на СДСМ и ДУИ беше во коалиција си нив, пред два дена најави дека ја напушта коалицијата предводена од СДСМ.
,,Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас директно ќе комуницирам со директорот. Така што како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган”, изјави Џафери.
За лидерот на ДУИ сега е време на пазарење.
Ангелов рече дека поради неисполнети очекувања за надминување на проблемот со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, „Достоинство“ ќе излезе од коалицијата.
Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од СДСМ но не и од ДУИ.
Ангелов најави дека раководството на партијата донело одлука да ја прифати можноста да влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.