Македонија

Предлог-законот за заемот од Унгарија ќе се гласа на пленарна седница

Законот со кој ќе се овозможи на македонската влада да земе заем од 500 милиони евра од Унгарија ги мина комисиските филтри. Пратениците на СДСМ не учествуваа во работата на Комисијата.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, кој се носи по скратена постапка. Со седницата претседаваше Бојан Стојановски откако во дадениот рок во Деловникот, претседателката на Комисијата Сања Лукаревска не ја закажа седницата.

Законот е даден на натамошно одлучување на пленарна седница.

Собраниската седница на која треба да се гласа за заемот се очекува да се одржи во вторник следната недела.

На почеток