Македонија

(Видео) Ги нема снимените разговори од прислушувани обвинители и судии, не се ниту во МВР, ниту во другите институции, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во „Претрес со Ландов“ откри дека ги нема прислушуваните разговори од обвинители, за кои експремиерот Зоран Заев обзнани дека постојат во 2016 година. Мицкоски кажа дека не се во депото на МВР.

Овие разговори се открија пред шест години, кога Зоран Заев обзнани дека биле прислушувани судии и обвинители. Тогаш беше кажано дека систем е поставен во централата за внатрешната комуникација на Обвинителството, а исти таков имало во Скопскиот суд.

На почеток