Магазин

Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи

Американската група Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“.

„По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми“, објасни Мета за агенцијата Франс прес.

Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот ги осуди дестабилизирачките активности на рускиот медиум RT (Russia Today).

Блинкен оцени дека РТ е претворена во огранок на руската разузнавачка служба во светот.

На почеток