Свет

(Видео) Хаос во Србија: Изгоре автобус на сред пат

Автобус се запалил на патот Крушевац-Брус, во село Златари, денеска околу 12:40 часот.

„Автобусот на Југопревоз Крушевац изгоре во селото Златари на патот Крушевац-Брус“, стои на Инстаграм, на профилот 192.rs.

Според нив, нема повредени лица.

Како што може да се види на видеата од социјалните мрежи, огнот го зафатил целото возило и целосно е уништено.

Се уште нема информации како настанал пожарот.

Истрагата е во тек.

На почеток