(Фото) Гори во Португалија: Најмалку 7 лица загинаа, помош испраќаат Шпанија и Мароко
Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, соопшти Управата за цивилна заштита.
Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува Ројтерс.
Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во централниот кварт Визеу, каде беснеат пожарите. Помошта од Мароко треба да пристигне денес во Португалија, рече Коста.
Шпанија, Италија и Франција веќе испратиле помош откако португалската влада побара помош во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ во понеделникот.
„Се наоѓаме во стресна ситуација, на границата на нашите можности и затоа бараме помош од европскиот механизам, Шпанија и Мароко“, изјави Коста. Португалскиот премиер Луис Монтенегро рече дека владиниот тим ќе го координира обезбедувањето „најитна поддршка“ за оние кои ги загубија своите домови и средства за живот.
Португалската национална гарда во соопштение соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.
Portugal declares state of alert over forest fires https://t.co/LE4MSU22mD pic.twitter.com/XyZhBPxPtb
— Travel Gossip (@travelgossip) September 18, 2024
#PORTUGAL: Deadly wildfires raging in Portugal have forced more people to evacuate their homes as crews battled dozens of blazes on Wednesday in the nation's north.
Stifling heat and strong winds have fanned a spate of forest fires across the north and centre of the country that… pic.twitter.com/o9UkfkExhc— MwanzoTV (@MwanzoTv) September 18, 2024