Македонија

Несреќа во Тетово: Малолетен мотоциклист однесен во болница со тешки повреди

На 23.09.2024 во 21.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(22) од с.Пирок, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница во Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

На почеток