Македонија

Несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе: Со комбе удрил во застаната кола, повредени 11 лица

11 лица повредени во сообраќајна несреќа која се случи синоќа во 22 часот, помеѓу комбе и автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај месноста Света мина.

,,Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово.”, информираа од МВР.

По направените прегледи, повредените се пуштени од болница, информираат од Кумановската општа болница.

На почеток